Дома Фудбал Тешко повредениот во Арсенал може да се врати наскоро

Тешко повредениот во Арсенал може да се врати наскоро

Менаџерот на Арсенал – Микел Артета, смета дека повредениот Кај Хаверц може да игра пред крајот на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Играчот заработи кинење на задното бедро за време на тренинг-кампот на „топчиите“ во февруари, што наложи операција.

Како резултат на тоа, „топчиите“ почнаа да играат со Микел Мерино како „лажна деветка“.

„Секоја повреда не е иста. Начинот на размислување на овие двајца – Сака и Хаверц, е многу, многу сличен. Неверојатна работна етика, силна желба да се врати на теренот што е можно побрзо и одличен медицински персонал кој се грижи за него. Се надеваме дека ќе успееме да го вратиме пред крајот на сезоната, но да почекаме. Кога ќе стигнеш до последната фаза на рехабилитацијата, тогаш можеш подобро да разбереш колку си блиску или далеку од следниот чекор“, рече Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри: Не можам да молчам. Карагер: Ова е како на селска утакмица

КОНТРОВЕРЗНИ судиски одлуки во реванш полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и …