Дома Фудбал Познат фаворитот за освојување на пехарот во Лигата на шампиони

Познат фаворитот за освојување на пехарот во Лигата на шампиони

Првите дуели од четвртфиналето на Лигата на шампионите донесоа навистина спектакуларни натпревари, а блиску до пласман понатаму се Арсенал, Барселона, Интер и ПСЖ, а сега се знае и кој е главен фаворит за освојување на најголемото клупско натпреварување во светот.

Четири навистина фантастични натпревари видовме во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Арсенал, Барселона и ПСЖ се едно чекор до полуфинале, а во добра предност е и Интер кој како гостин го совлада Баерн со 2:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По овие дуели имаме и нов фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Тоа е тимот на Арсенал.

Анализата на „Опта“ покажува дека шансите на Арсенал за освојување на Лигата на шампионите се најголеми – 27,8 проценти со 95,7 проценти шанси дека ќе се најдат во полуфиналето и 52,9 проценти во финалето.

Втор фаворит е Барселона. На Каталонците кои ја растурија Борусија од Дортмунд со 4-0 им се даваат 25,9 проценти шанси за освојување на трофејот.

Фото: Реал Мадрид/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…