Дома Останати Тенис Македонските тенисерки подобри од Косово

Македонските тенисерки подобри од Косово

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја остварија и втората победа во групата во Ларнака на мечевите од Втората Евроафриканската зона и со тоа го поврдија второто место во групата. Македонија има водство од 2:0 против Косово.

Во првиот меч за нешто помалку од два часа игра Магдалена Стоилковска ја совлада Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (26 64 62), додека во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против Форта Морина со 2-0 во сетови (61 60).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во конкуренција на двојки во третиот меч за Македонија ќе настапат Јана Божиновска и Ана Митевска, додека за Косово ќе настапат Веса Ѓинај и Адријана Лекај.

За македонската репрезентација остануваат да се одиграат уште два меча во разигрувањето за конечен пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ништо од Вимблдон: Кирјос нема да игра на местото на најголемиот успех

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшти дека нема да игра целата трева сезона, вк…