Дома Фудбал Канаваро не издржа долго: Ристовски и Адеми останаа без тренер!

Канаваро не издржа долго: Ристовски и Адеми останаа без тренер!

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро повеќе не е тренер на загрепски Динамо, официјално потврдија „Модрите“.

Канаваро ја заврши кусата и катастрофална епизода на клупата на најтрофејниот хрватски клуб, кој под негово водство најверојатно и ќе ја прекине големата доминација во хрватскиот фудбал.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Италијанецот кон крајот на минатата година го презеде тимот по Ненад Бјелица со цел да ги подобри резултатите во првенството, но не успеа во тоа.

Динамо под негово водство во ХНЛ одигра десет натпревари, при што оствари пет победи, два нерешени и три порази. Пресуди поразот против Истра во Пула со резултат 3:0 минатиот викенд.

Во моментов Динамо заостанува пет бодови зад лидерот Хајдук и е извесно дека ги загуби шансите во борбата за титулата.

Фото: GNK Dinamo Zagreb

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…