Дома Фудбал Шпански медиуми: Виновникот за потопот на Реал молеше за прошка од Модриќ

Шпански медиуми: Виновникот за потопот на Реал молеше за прошка од Модриќ

Арсенал во Лондон го победи Реал Мадрид со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Defensa Central, страница специјализирана за вести од Реал, пишува дека играчот на Реал ја презеде вината за првиот гол на противникот:

“Давид Алаба веднаш по натпреварот му се приближи на голманот Куртоа и капитенот Лука Модриќ и ги молеше за прошка со зборовите ‘Јас сум виновен’. На Алаба му беше тешко да ја прифати оваа грешка бидејќи доби доверба од тренерот да биде стартер.

Анчелоти поради повредата на Ферланд Менди, кој досега играше како лев бек, одлучи да го замени со Алаба, иако во последно време таа позиција ја покриваше Фран Гарсија.”

Шпанските медиуми во извештаите од натпреварот го истакнуваат Алаба како еден од најлошите играчи на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…