Дома Фудбал Мбапе со шокантна изјава го навлече гневот на навивачите – жестоко го нападнаа!

Мбапе со шокантна изјава го навлече гневот на навивачите – жестоко го нападнаа!

Килијан Мбапе, фудбалер на Реал Мадрид, успеа да го навлече гневот на луѓето после само една изјава. Тоа, воедно, покажува како е да се живее во надвор од каква било реалност, но и покажува одредена доза на ароганција.

Мбапе нагласи дека во Реал дошол поради – замислете – љубов. Заради емоциите, во секој случај, направи и чекор понатаму.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакав да играм за Реал и затоа не ми беше тешко да изберам помеѓу Реал и парите“, порача Мбапе.

Изгледа како Мбапе да игра за Реал од љубов и бесплатно, но тоа е сè, само не вистина.

Французинот доби 100 милиони евра само за потпис, а годишно заработува 32 милиони евра само од спортскиот договор (без спонзори).

„Секако, парите во животот се важни, и сакам да ја обезбедам својата фамилија, но најважната работа во животот е – да се биде среќен“, изјави Мбапе кој изгледа заборави колку пари всушност прима.

Заборави и на „дебелите“ бонуси кои ги добива врз основа на учинокот, но и на договорите кои ги добива од „странични работи“.

Пораката дека избрал помеѓу „Реал и парите“ шокираше многумина и ги налути, па имаше саркастични пораки дека очигледно Мбапе е „ѕвезда која едвај врзува крај со крај“.

„Нема шанси да го кажал ова.“

„Сите знаат дека кога потпишуваш за Реал, твојата фамилија лесно оди кон банкрот.“

„Мислам дека е толку навикнат на апсурдно големи суми пари да навистина, искрено верува дека договорот кој го има во Мадрид всушност е ситниш“.

„Токму скромен и приземен, вистинска икона на нашето време“.

„Да, човече, тешко е да се живее со 500.000 евра неделно, но барем сум среќен!“

„Тешко е да решиш дали ќе бидеш неверојатно богат, или екстра неверојатно богат. Не е лесно“.

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…