Дома Фудбал Куртоа со еден „удар“ ги понижи Арсенал и Ливерпул за сите пари

Куртоа со еден „удар“ ги понижи Арсенал и Ливерпул за сите пари

Вечерва на програмата е првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид кој ќе се игра на Емирати.

Пред овој натпревар, прес-конференција одржа голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа, заедно со тренерот на тимот Карло Анчелоти.

Белгиецот се враќа на голот на Реал Мадрид откако пропушти три последни натпревари, поточно откако се врати од репрезентацијата.

„Не знаев дека тука не изгубиле две години, но не мислам дека тоа ќе промени многу. Тоа е како да кажете дека ние освоивме 15 титули во Лигата на шампионите, не менува ништо.

Знаеме дека се силни дома, но и Ливерпул беше силен па добивме со 5:2. Ако тука игравме 20 натпревари и не победивме, тоа би било друго нешто, но тоа не е случајот“, рече Куртоа.

Фото: Real Madrid C.F./FB

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…