
Според англиските медиуми, големата желба на Пеп Гвардиола е ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.
Виртц, кој се одликува по својата флексибилност во средниот ред, е избран како совршен заменик на Де Брујне.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Иако минатото лето остана со тимот на Леверкузен, очекувањата се дека на крајот од оваа сезона ќе замине, бидејќи борбата за неговиот потпис веќе е во тек.
Со заминувањето на Де Брујне, Сити е спремен да вложи значителна сума за да го ангажира германскиот играч на „Етихад“.
Англиските медиуми објавуваат дека Гвардиола подготвил понуда од 100 милиони фунти за да го доведе Виртц во својот тим.