Дома Фудбал Милер со писмо го „стресе“ Минхен: Клубот намерно реши да на преговара со мене (Видео)

Милер со писмо го „стресе“ Минхен: Клубот намерно реши да на преговара со мене (Видео)

Искусниот германски фудбалер Томас Милер стана главна тема на фудбалската јавност утринава поради писмото кое го објави на социјалните мрежи.

Милер целата досегашна кариера ја помина во дресот на Баерн, со кој освои сè што можеше, и сигурно остави неизбришлив белег.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако имаше желба да замине во пензија во Баерн, се чини дека тоа нема да му биде овозможено.

Неговиот договор со Баварците истекува на крајот од оваа сезона и раководството на клубот не му понуди продолжување на соработката што го разочара овој играч, но и навивачите на Баерн.

„По многу шпекулации за мојот статус во последно време, со ова писмо сакам да решам сите дилеми. И по сите овие години сè уште уживам играјќи за Баерн и борејќи се за титули од сезона во сезона. Можев да се замислам дека го правам тоа и наредната година“, почна Милер и продолжи.

„Клубот намерно одлучи да не преговара со мене за нов договор. Иако тоа не ја исполнува мојата желба да останам, на крајот ја почитувам одлуката на клубот“, додаде тој.

Фото: Баерн Минхен/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ не наоѓа мир ни во Америка: Ги засени и тениските ѕвезди на теренот (Видео)

Пред натпреварите против Колумбија и Бразил, хрватските фудбалери Лука Модриќ и Андреј Кра…