Дома Фудбал Арсенал остана без важен фудбалер за натпреварите против Реал Мадрид

Арсенал остана без важен фудбалер за натпреварите против Реал Мадрид

Англискиот фудбалски гигант Арсенал ќе се соочи со Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со првиот натпревар закажан на 8 април на „Емирати“, а реваншот на 16 април на „Сантијаго Бернабеу“.

Овој двомеч носи огромен предизвик за тимот на Микел Артета, кој доби загрижувачки вести непосредно пред големото соочување со шпанскиот гигант.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според извештаите на британскиот „Мирор“, Арсенал ќе мора да настапи без еден од клучните играчи во одбраната, Габриел Магалаеш, кој се соочи со сериозна повреда.

Бразилскиот дефанзивец ќе ги пропушти двата натпревари против Реал Мадрид, што претставува значителен хендикеп за „топчиите“, особено во пресрет на дуелите со офанзивната сила на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…