Дома Останати Кошарка Далас конечно се израдува: Дејвис на три секунди пред крај ја „нокаутира“ Атланта (Видео)

Далас конечно се израдува: Дејвис на три секунди пред крај ја „нокаутира“ Атланта (Видео)

Не им е лесно на Далас оваа пролет, но тимот ја одржува надежта дека ќе играат плејоф. Во мечот кој се решаваше до последниот напад, кошаркарите на Маверикс славеа против Атланта со 120:118.

Тимот не можеше да стигне до победата без Ентони Дејвис, кој блеска во улога на носител на играта. Не му требаше долго да излезе од сенката на Леброн Џејмс, а во синоќешниот дуел имаше најдобар учинок откако облече дрес на Далас. Запиша 34 поени, 15 скока и пет блокади, но најмногу ќе се памети неговиот кош за победа на три секунди до крајот на натпреварот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Дејвис помина низ тежок пат до победата. Во првата четвртина, соиграчот Даниел Гафорт го удри со лакт во окото, кое почна да крвари. Мораше да го напушти теренот, но повторно се приклучи на тимот на крајот од полувремето. За тоа време, Хокс водеа, но продолжението на играта беше во знакот на 32-годишникот кој блесна на теренот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА строго го казни кошаркарот кој го елиминира Јокиќ од плејофот

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа седум натпревари во полуфиналето на Западната ко…