Интер оваа сезона го има најдобриот старт во својата историја, амбициите на клубот пораснаа, па раководството сака да донесе нови засилувања во зимскиот преоден рок.
Приоритет на „нероаѕурите“ ќе биде засилување на дефанзивната линија, а прва мета е играчот на Атлетико Мадрид , Хозе Хименез.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
22-годишниот уругвајски репрезентативец нема голема минутажа кај Диего Симеоне, но и покрај тоа тој наскоро ќе го продолжи договорот со „јорганџиите“ до 2022 година и во него ќе има откупна клаузула од 60 милиони евра.
Наводно сопствениците на Интер му дале земено светло на спортскиот директор Пјеро Аусилио и тој веќе почнал да работи на трансферот.
Доколку не успеат „нероаѕурите“ да го донесат Хименез во своите редови во јануари, тогаш ќе се обидат да постигнат преддоговор со играчот за трансфер по завршување на сезоната.