Дома Фудбал Флик постави голем рекорд на клупата на Барселона

Флик постави голем рекорд на клупата на Барселона

Барселона триумфираше против Жирона, а Ханси Флик постави голем рекорд како тренер на каталонскиот гигант.

Барселона во рамките на 29-то коло од шпанската Примера со резултат 4:1 ја победи Жирона.

Барселона по некомплетното 29-то коло има 66 поени и е на првото место со три поени повеќе од Реал Мадрид и шест повеќе од Атлетико.

Покрај важната победа во битката за шампионската титула на Шпанија, поставен е и голем рекорд на Барселона.

Ханси Флик е единствениот тренер во историјата на Барселона под чија палка екипата постигнала 139 гола на 45 натпревари, а во 35 натпревари постигнала четири или повеќе голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овие тројца сакаат да си заминат од Барса, ги нема на вечерниот список!

Барселона остави широко отворени врати за заминување на тројца фудбалери. Тоа се Алехандро…