Дома Фудбал Останато Mногу емоции: Коментаторот на „Спорт Клуб“ се расплака – цела арена го скандираше неговото име (Видео)

Mногу емоции: Коментаторот на „Спорт Клуб“ се расплака – цела арена го скандираше неговото име (Видео)

Долгогодишниот коментатор на Спорт Клуб Дарко Плавшиќ синоќа последен пат го коментираше натпреварот на Кошаркарскиот клуб Црвена звезда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Евролигата, а со тоа и натпреварите на белградскиот клуб, ќе се пренесуваат во иднина на Арена Спорт, бидејќи каналот Спорт Клуб, кој досега ги имаше правата за овие натпревари, се гаси.

Со тоа Плавшиќ и неговите колеги веќе нема да имаат можност да пренесуваат натпревари од Евролигата, па дуелот со Реал Мадрид му беше последен.

Последните секунди на вчерашниот дуел со Кралскиот клуб ги дочека во солзи, а целата арена во Белград го скандираше неговото име.

Инаку, Звезда беше поразена во Белград од Реал Мадрид со резултат 78:72, со што значително ги намали шансите за пласман во плеј-офот на Евролигата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meкрегор во враќањето во УФЦ загуби по само 69 секунди (Видео)

Најзначајната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11 јули меѓу Конор Мекгрегор и Мак…