Не требаше долго за да се појават вести дека Нејмар не е среќен во Париз. Шпански „Спорт“ пред неколку дена објави дека Бразилецот зажалил што ја напушти Барселона и дека не му се допаѓа животот во Париз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денес веќе доаѓа нова информаница. Имено, „Дон Балон“ пренесува дека на Нејмар му е јасно дека неможе да се врати во Барселона па ја активирал можноста да се пресели во Реал Мадрид.
Бразилецот беше блиску до Реал кога играше во Сантос, но тогаш ја избра Барселона. Сега наводно повторно е воспоставен контакт, а на Перез му е јасно дека наскоро ќе треба да пронајде долгорочна замена за Роналдо, а поголема ѕвезда од Нејмар не може да најде.
„Дон Балон“ оди толку далеку што тврди дека веќе е воспоставен пакт помеѓу Нејмар и Перез. Бразилецот ќе остане кратко време во Париз и ќе се обиде да дојде до Лигата на шампиони и „Златната топка“, а потоа ќе направи се за да се пресели во Реал.
Останува да видиме како ќе се одбиваат работите, а медиумите тврдат дека веројатноста е исклучително голема.