Дома Фудбал Цените на влезниците за мечот Реал Мадрид – Арсенал се „изгор“

Цените на влезниците за мечот Реал Мадрид – Арсенал се „изгор“

Сите оние кои сакаат во живо да го следат натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал ќе мора да посегнат длабоко во џебот.

Еден од најинтересните дуели во четвртфиналето од оваа сезона на Лигата на шампионите ќе го играат Реал Мадрид и Арсенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првиот натпревар ќе се игра на 8 април во Лондон од 21:00 часoт, додека реваншот во истиот термин ќе се игра на 16 април во Мадрид.

Како што наведува „Марка“, цените кои Реал Мадрид ги постави за натпреварот со Арсенал претставуваат рекорд на сите времиња во историјата на клубот од главниот град на Шпанија.

За да го гледа дуелот со тимот на Микел Артета на „Сантјаго Бернабеу“, гледачот треба да плати помеѓу 125 и 450 евра.

Овие бројки ги надминуваат оние од оваа сезона, кога цените за реваншите против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид беа помеѓу 115 и 325 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mегваер самиот си се пофали: Јас сум еден од најдобрите во светот!

Хари Мегваер неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед за уште една година. Анг…