Дома Фудбал Човек да не поверува: Еден од најдобрите натпреварувачи се откажа од скоковите на Планица затоа што – се плаши од висина!

Човек да не поверува: Еден од најдобрите натпреварувачи се откажа од скоковите на Планица затоа што – се плаши од висина!

Денес, на култната скокалница во Планица започнува натпреварувањето во ски летови, а меѓу натпреварувачите нема да го видиме Германицот Филип Рајмунд.

Имено, 24-годишниот кој моментално се наоѓа на 22. место во Светскиот куп, се откажа од денешното натпреварување на Планица поради причина која е сосема нетипична за ски скокачите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Филип Рајмунд ја откажа својата посета на Словенија и на култната скокалница “Леталница братја Горишек” затоа што се плаши од височина.

“Како што некои од вас знаат, се плашам од височина. Обично имам ситуацијата под контрола, но од време на време имам проблем за време на летовите бидејќи изгубувам контрола над моето тело за секунда до секунда и пол. Во 95 проценти од ситуациите имам контрола, но кога станува збор за Планица, не смеам да ризикувам”, напиша Рајмунд, кој додаде дека би можел да се натпреварува во недела доколку собере храброст.

“Три дена ќе гледам како другите скокаат. Обично кога гледам скокови, сакам веднаш и јас да дојдам на стартот, па се надевам дека така ќе биде и во недела. Но, сигурно нема да летам ако не се чувствувам подготвен за тоа”, порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа му возврати на Ноер за Донарума: “Претерано е тоа да се каже”

Џанлуиџи Донарума вчера во една борба за топка тешко го повреди Џамал Мусиала. Мануел Ноер…