Дома Фудбал Флик се скара со еден од играчите: Подобро ти е да почнеш да бараш нов клуб

Флик се скара со еден од играчите: Подобро ти е да почнеш да бараш нов клуб

Ханси Флик воспостави одлична атмосфера во соблекувалната на Барселона и решен е да ја одржи, без оглед на се. Поради тоа, не дозволува никој да го наруши тоа што успеал да постигне, поради што веќе отфрли еден од стартните играчи и му даде до знаење дека за него повеќе нема место во каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми наведуваат дека тоа е случајот со Инаки Пена, кој беше прв голман на Барселона по повредата на Марк-Андре тер Штеген, но во јануари се се смени и овој голман тотално „исчезна“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пена во 2025. година бранеше само на три натпревари, а Војчех Шчесни неочекувано стана прв голман на Барселона. Се чинеше дека Флик го одлучи тоа бидејќи мисли дека Полјакот е подобар голман, но конечно вистината излезе на виделина.

Шпанскиот новинар Фернандо Поло откри дека Пена и Флик имале сериозно недоразбирање два пати, и тоа на крајот пресудило да го отфрли овој голман.

„Ти повеќе не си ми потребен. Подобро ти е да бараш нов клуб“, наводно му рекол бесно Флик на Пена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе е познато: Ова е првиот фаворит за наследник на Мареска!

Италијанскиот тренер Енцо Маеска од денеска повеќе не е кормилар на Челси. Управата на „Си…