Дома Фудбал Ѕвезда на Баерн ќе паузира половина година поради тешка повреда

Ѕвезда на Баерн ќе паузира половина година поради тешка повреда

Алфонсо Дејвис, левиот бек на Бајерн и канадската репрезентација, принуден е да паузира поради сериозна повреда. На натпреварот од Лигата на нациите на КОНКАКАФ против САД мораше да биде заменет веќе во 12. минута поради повреда. Се покажа дека е една од најтешките повреди за еден спортист. Дејвис ги скина лигаментите во коленото, и за него не само што заврши оваа сезона, туку на терен ќе се врати дури кон крајот на септември. Односно, откако следната сезона веќе ќе биде во тек.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Така, Дејвис ќе ги пропушти завршницата на борбата за Бундеслигата, Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство. Нема да биде ни на подготовките за следната сезона, ниту на нејзиниот почеток. Баерн ќе мора сето тоа да го направи без незаменливиот играч.

Ова не е единствената лоша вест за Баерн. Уште еден нивен незаменлив играч, исто така дефанзивец, Дајот Упамекано, ќе ги пропушти натпреварите во следниот месец поради повреда на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…