Дома Фудбал Хрватска има страшен играч и нов рекордер: Засилувањето на Интер против Франција претрча неверојатни 18 километри

Хрватска има страшен играч и нов рекордер: Засилувањето на Интер против Франција претрча неверојатни 18 километри

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Петар Сучиќ на натпреварот во Лигата на нациите против Франција истрча 17.493 километри, што е нов рекорд за репрезентацијата на Хрватска.

Досегашниот рекордер беше Марчело Брозовиќ, кој во 2022 година на осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Јапонија истрча 16.7 километри, исто така во 120 минути.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Брозовиќ е исто така и рекордер на Светските првенства.

Да додадеме дека актуелниот играч од средниот ред на Ал Наср истрча над 16 километри, поточно 16.3, и против Англија во полуфиналето на Светското првенство 2018 година.

Од друга страна, успехот на Сучиќ е уште поголем бидејќи во фудбалот се врати само пред еден месец после тримесечна пауза поради повреда. Во Динамо, по враќањето, одржа само еден натпревар од 90 минути, а сега одигра 120.

Договори трансфер во Интер за 14 милиони евра, а на Нераѕурите ќе им се приклучи летос.

Да потсетиме, Сучиќ ја започна кариерата во Искра од Бугојно, па преку Зрински стигна до Динамо. Беше младински репрезентативец на БиХ за да во сениорите одлучи да настапува за Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте верува во титулата на Наполи: Навивачите го заслужуваат тоа

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека неговиот тим и понатаму игра над своите реа…