Дома Фудбал Велс е трета најстара репрезентација во светот – првиот натпревар го одиграле пред 149 години!

Велс е трета најстара репрезентација во светот – првиот натпревар го одиграле пред 149 години!

Македонската репрезентација денеска во Скопје игра против Велс во рамките од 2. коло во квалификациите за Светското првенство, селекторот Благоја Милевски истакна дека фаворитската улога ја препушта на островската селекција која е и подобро рангирана од нас во овој момент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Но, Велс е репрезентација со долга историја и трет највозрасен репрезентативен тим во светот, пред нив се само Англија и Шкотска. Првиот натпревар во нивната историја тие го одиграле токму на денешен ден во 1876 година, значи пред 149 години.

Во тој натпревар во Глазгов се радувала репрезентацијата на Шкотска со 4-2. За првпат на домашен терен пак Велшаните играле наредната година на 5 март и повторнопротивник била Шкотска која одново славела победа сега со 0-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот…