Дома Фудбал Во Прилеп очекуваат подобри денови: Победа доби нови газди!

Во Прилеп очекуваат подобри денови: Победа доби нови газди!

Прилепска Победа добива нова сопственичка структура, а новите газди се огласија преку соопштение.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засега не се откриваат нивните имиња и во првото соопштение ги повикаа навивачите да дојдат во што поголем број на натпреварот против Башкими бидејќи средствата и ќе се донираат за настраданите во трагедијата во Кочани.

„Ве известуваме дека ФК Победа АД Прилеп во моментов се наоѓа во период на примопредавање на извршната власт. Новите акционери донесоа одлука сите средства од продажба на билети за претстојниот натпревар помеѓу ФК Победа и ФК Башкими ќе бидат наменети за помош на семејствата на жртвите од трагичниот настан кој се случи на 16.03.2025 година во Кочани. Билетите ќе се продаваат на штанд na ФК Победа кој ќе биде поставен на Градскиот плоштад во Прилеп, како и пред Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред почетокот на натпреварот“, објави Победа.

Натпреварпт помеѓу Победа и Башкими ќе се игра в сабота во терминот од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет чека „бел чад“ од Мадрид: Објавена информацијата колку пари Реал му понуди на Винициус

Најважната приказна од овој трансфер период е брилијантниот бразилски репрезентативец и ед…