Дома Фудбал Барса се двоуми: Флик може да остане без планираното засилување – два премиерлигаши спремни да реагираат!

Барса се двоуми: Флик може да остане без планираното засилување – два премиерлигаши спремни да реагираат!

Џонатан Та си заминува од Баер Леверкузен на крајот на сезоната, но сè уште не е конечно одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. 

Каталонските медиуми потсетуваат дека Џонатан Та одамна ги договорил лични услови со Барса, но дека конечниот договор не е постигнат.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Каталонците пишуваат дека Ливерпул и Тотенхем во меѓувреме контактирале со Германецот за да “испитаат терен” и да се обидат да го претекнат од Барселона.

Та за сега не размислува за Премиер лигата, но чека Барса да повлече последен потег. 

Џонатан Та има 29 години и сигурно дека ќе биде од големо значење и за Барса, но и за Ливерпул и Тотенхем.

Во однос на Барселона, конкуренцијата е силна, но се очекува трансфер на Андреас Кристенсен, кој не е во плановите на Ханси Флик. 

Од друга страна, Вирџил ван Дајк е во последната година од договорот и уште не потпишал нов. Сепак, се очекува дека ќе остане, но е потребен уште еден играч за Арне Слот во ротацијата.

За Тотенхем е излишно да се троши зборови колку би им бил потребен ваков играч, но малку е веројатно дека Та на крајот ќе ги избере Спарс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на повидок: Халанд удрил жена, случајот е пријавен и во полиција

Ерлинг Халанд е обвинет дека ја повредил жената која носела костим на маскотата на Манчест…