Дома Фудбал Македонија го победи Лихтенштајн на стартот од квалификациите за Светското првенство (Видео)

Македонија го победи Лихтенштајн на стартот од квалификациите за Светското првенство (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога и славеше победа од 3:0 на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Избраниците на Милевски ја имаа контролата над натпреварот од самиот почеток, а до водство стигнаа уште во седмата минута кога Александар Трајковски го отвори резултат по асистенцијата на Бојан Миовски.

Продолжи Македонија со сигурната игра и не му дозволуваше многу прилики на противникот за во финишот од првиот дел и да ја зголемиме предноста. Стрелец по еден корнер беше дефанзивецот Висар Муслиу.

Слична слика на теренот гледавме и во второто полувреме, Македонија не дозволуваше домаќинот сериозно да се закани и повремено создаваше прилики за гол.

Една таква во 84. минута искористи Бојан Миовски за конечни 3:0.

Натпреварот помина во знакот на жртвите во трагедијата во Кочани, а публиката во 59. минута со аплауз симболично оддаде почит на загинатите.

Исто така фудбалерите пред почетокот на натпреварот на загрвањето излегоа со маици на кој беше испишано името на градот и датумот кога се случи трагедијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скапо ќе го чини кажаното! Судиите возвратија силен удар на Флорентино Перез!

Тежок ден за првиот човек на Реал Мадрид, а причината е силниот удар кој му го подготвија …