Дома Останати Тенис Ѓоковиќ славеше во Мајами

Ѓоковиќ славеше во Мајами

Новак Ѓоковиќ однесе победа против австралискиот тенисер Ринки Хиџиката со резултат 6-0, 7-6 во второто коло на Мастерсот во Мајами.

Во првиот сет, Србинот беше доминантен и го заврши со победа за само 27 минути, без загуба на ниту еден гејм. Во вториот сет, Ѓоковиќ се соочи со поголем предизвик, каде што мораше да одигра тај-брејк за победа против 86-тиот на АТП листата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Борбата во вториот сет беше поинтензивна, Ѓоковиќ покажа повеќе смелост со честите излегувања на мрежа. Не се случија брејкови, но Србинот беше супериорен во тај-брејкот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа по два часа борба обезбеди полуфинале во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да ја пишува својата успешна приказна во Р…