Панама славеше над Соединетите Американски Држави, во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации, а херој на Панама беше Сесилио Вотерман.
Натпреварот се играше на стадионот „Софи“ во Лос Анџелес, а заврши со луда завршница во 94-тата минута, кога Вотерман ги сруши актуелните шампиони од тимот на САД.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Откако го совлада Мет Тарнер, напаѓачот на Панама истрча во прегратка на легендарниот Тиери Анри.
Французинот беше еден од коментаторите на панелот на CBS Спортс, пред и по натпреварот.
Сцената со прегратката меѓу Вотерман и Анри ја сними актерот Тери Круз, а водителката Кејт Скот остана во неверување.
Анри подоцна го откри и содржината на разговорот, весел и еуфоричен Вотерман.
„Ми рече ‘eres me ídolo’ (ти си мојот идол) и не знаев што да правам!”.
Објаснување по славењето, даде и самиот Вотерман.
„Синоќа ме прашаа кој ми е идол од детството, а јас реков Тиери Анри… Постигнав гол, те видов и знаев дека треба да те поздравам”.