Дома Фудбал Oфицијално: Ја имаме првата репрезентација која прек квалификациите се пласираше на СП 2026

Oфицијално: Ја имаме првата репрезентација која прек квалификациите се пласираше на СП 2026

Јапонската репрезентација прва и официјално преку квалификациите си обезбеди настап на Светското првенство 2026 година и се придружи на домаќините САД, Мексико и Канада кои директно се квалификуваа. Јапонија на натпреварот од 7. коло од групата C на главната фаза во азиската зона на квалификациите, како домаќин во Саитама го победи Бахреин со 2:0 (0:0).

Така, Јапонија три кола пред крајот стана недостижна за третопласираната репрезентација во групата. Место на СП ќе обезбедат по двете најдобри селекции од секоја група. Головите што ги растоварија Јапонците од сите грижи околу отидувањето на СП ги постигнаа Даиши Камада во 66. и Такефуса Кубо во 87. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Јапонија ова е осмо учество на СП во низа. Дебитираше во Франција 1998 година и оттогаш не пропушти ниту еден Мундијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадуваање: Дресот на Лионел Меси веќе не е најпродаван во САД

Дресот на Лионел Меси долго време беше најпопуларен по продажба во САД, но веќе не е така.…