Дома Останати Кошарка Дончиќ се сретна со ѕвездата на Баерн и го праша дали ќе потпише за Реал Мадрид (Видео)

Дончиќ се сретна со ѕвездата на Баерн и го праша дали ќе потпише за Реал Мадрид (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс објавија снимка од средбата меѓу нивниот кошаркар Лука Дончиќ (26) и фудбалерот на Баерн Алфонсо Дејвис (24). Словенецот и Канаѓанецот разменија дресови и кратко разговараа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Доаѓаш во Реал? Ќе ти го дадам овој дрес ако дојдеш”, го праша Дончиќ. “Изгледа дека нема од тоа ништо”, одговори Дејвис, по што двајцата се насмеаја и направија заедничка фотографија.

Дончиќ ја започна професионалната кариера во Реал и сè уште е навивач на мадридскиот клуб, и во кошарка и во фудбал. Во НБА играше за Далас Маверикс, кој оваа година го предадоа во една шокантна размена на ЛА Лејкерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Aмериканец кој бил дел од НБА ќе го носи дресот на МЗТ!

Македонскиот шампион МЗТ Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а нај…