Тренерот на Вардар Раул Гонзализ и крилото Тимур Дибиров се најдоа во идеалниот тим за октомври од регионалната СЕХА лига.
Вардарци со двете победи над Загреб и Целје го задржа максималниот скор од шест победи во шест натпревари, а во исто време го имаат најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идеален тим за октомври во СЕХА:
Голман – Клемен Ферлин (Горење)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Десно крило – Бруно Буторац (Татран)
Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
Лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)
Среден бек – Лука Митровиќ (Целје)
Десен бек – Константин Игропуло (Мешков)
Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)