Дома Фудбал Англија Неверојатно: Изминатите 365 дена играше за два клуба и репрезентација, а не загуби ниту еден натпревар

Неверојатно: Изминатите 365 дена играше за два клуба и репрезентација, а не загуби ниту еден натпревар

Интересен податок пренесуваат англиските медиуми за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус кој веќе цела година нема ниту еден пораз. Младиот Бразилец полседниот пораз го запиша 29-ти октомври 2016 година во дресот на Палмеирас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После тоа нанижа 35 натпревари во дресот на Палмеирас, репрезентацијата на Бразил и Манчестер Сити без пораз. Приотоа запиша 27 победи и 8 ремија.

„Ова е неверојатен податок. Помина цела година, а Габриел не доживеа ниту еден пораз. Жесус е фантастичен напаѓач и од голема важност за нашиот тим“, изјави Пеп Гвардиола.

Од доаѓањето во Сити, 20-годишниот Бразилец има одиграно 19 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 13 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриено зошто Меси плачеше на натпреварот

Лионел Меси го постигна својот прв хет-трик на Светските првенства во својата 38. година в…