Дома Фудбал Клоп: Сите имаме проблеми…освен Манчестер Сити!

Клоп: Сите имаме проблеми…освен Манчестер Сити!

Менџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека сите тимови кои се борат за челните позиции во Премиер лигата имаат кадровски проблеми, освен Манчестер Сити.

Клоп смета дека неговиот колега Пеп Гвардиола има многу широк состав кој може да го ротира и да избегнува замор и повреди кај фудбалерите.

Особено доказ за тврдењето на Клоп се резултатите на Тотенхем во последните два меча во кои „спарси“ играат без првата ѕвезда Хари Кејн.

„Вистина е дека немавме многу среќа до сега. Меѓутоа, не може да молиш за среќа, треба да работиш додека не дојде. Не знам дали Покетино зборувал за нешто слично, но без Кејн Тотенхем загуби два натпревари по ред. Такви работи се случуваат. Сите имаме проблеми освен Манчестер Сити“. Заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …