Дома Фудбал Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже учеството во овие квалификациски натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните денови, по повикот на 6 март, медицинскиот сектор на бразилскиот национален тим, предводен од д-р Родриго Ласмара, нè извести за состојбата на сите спортисти, особено на Данило, Нејмар и Едерсон. Наместо нив, повикани се Лукас Пери од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, кажа селекторот.

Во претстојниот репрезентативен „прозорец“, Бразилците ги очекуваат два дерби-натпревари, дуелот со Колумбија, во ноќта меѓу четврток и петок по наше време, и гостувањето на најголемиот ривал Аргентина во Буенос Аирес, во ноќта меѓу 25 и 26 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…