
Британецот Ландо Норис во Мекларен ќе стартува од ‘пол позиција’ на првата трка од сезоната на Формула 1 за Голема награда на Австралија во Мелбурн, додека неговиот тимски колега Оскар Пиастри му се приклучи во првиот ред.
Бранителот на титулата Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул ќе започне трет пред четвртопласираниот возач на Мерцедес Британецот Џорџ Расел. Шарл Леклер во Ферари ќе стартува седми, а Британецот Луис Хамилтон осми.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Ова е десетта најдобра стартна позиција во кариерата за Норис, а Мекларен продолжи таму каде што заврши претходната сезона како најдобар тим на конструктори.
Трката за Големата награда на Австралија се вози во недела од 5 часот наутро по европско време.