
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ослабените ЛА Лејкерс со 131:126. Прво име на победничкиот тим повторно беше Никола Јокиќ, кој го заврши натпреварот со 28 поени, седум скокови и пет асистенции.
Сите бројки од трите најзначајни статистички категории се под неговите просеци оваа сезона (29.0 поени, 12.9 скокови, 10.4 асистенции).
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Во мечот каде за Лејкерс не играа Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Јокиќ многу време мина на линијата за слободни фрлања. Погоди 12 од 17 обиди.
Целата екипа на Лејкерс направи помалку слободни фрлања од него, само 16. Српскиот центар, инаку трикратен МВП на НБА лигата и истакнат кандидат да стане најкорисниот играч на основниот дел од лигата по четврти пат, на овој натпревар играше 38 минути. Погоди осум од 16 обиди од игра.