Дома Фудбал „Гвардиола е арогантен, направи голема штета на фудбалот“

„Гвардиола е арогантен, направи голема штета на фудбалот“

Фабио Капело (78), легендарниот италијански тренер познат по своите остри коментари, повторно го критикуваше Пеп Гвардиола поради лошите резултати на Манчестер Сити оваа сезона.

Капело зад себе има импресивна кариера со пет титули во италијанската Серија А (четири со Милан и една со Рома), освојување во Лигата на шампионите со Милан во сезоната 1993/94 и две титули шампион на Шпанија со мадридскиот Реал.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Легендарниот Италијанец се потсети на првата средба со Гвардиола во Рома, каде што тој беше тренер, а Пеп играч.

„Еднаш дојде кај мене да ми каже како да ја работам својата работа. Му одговорив: ‘Почни да трчаш, па зборувај.’ Знаете што не ми се допаѓа кај Гвардиола? Неговата ароганција. Лигата на шампионите која ја освои со Манчестер Сити е единствената каде не проба ништо чудно во клучните натпревари.

Меѓутоа, во сите други сезони, во Баерн и Манчестер, на најважните натпревари секогаш тој сакаше да биде главниот протагонист. Меневаше работи за да може да рече: ‘Не победуваат играчите, јас победувам.’ А таа ароганција го чинеше неколку титули од Лигата на шампионите. Го почитувам, но ова го гледам јасно. Дополнително, иако тоа веќе не е негова вина, направи голема штета на фудбалот.”

Пеп нанесе штета на фудбалот, тврди Капело:

„Како? Со тоа што сите десет години се обидуваа да го имитираат. Тоа го уништи италијанскиот фудбал кој ја загуби својата природа. Знаев да речам: ‘Запри, ти ги немаш играчите како Гвардиола.’ Потоа, се наметна идејата дека важно е само да се игра, допир, допир, допир, допир…

Сега и во италијанскиот фудбал и голманите играат. Катастрофа, но и здодевност што многумина ги одалечи од фудбалот, сведувајќи ги натпреварите на ‘хајлајтс’ бидејќи зошто да гледате 90 минути посед без вистинска борба? За среќа, фудбалот се менува, Шпанија го освои ЕП со две крила и брза игра.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Бастен зазема страна по случајот со пеналот на Алварес

Легендарниот холандски напаѓач Марко ван Бастен се приклучи на дискусијата околу укинатиот…