Дома Фудбал Роналдо се откажа од кандидатурата за претседател на ФС Бразил

Роналдо се откажа од кандидатурата за претседател на ФС Бразил

Фудбалската легенда Роналдо се откажа од кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Бразил.

Главната причина за повлекувањето е недостатокот на поддршка од локалните фудбалски функционери, што му е неопходна за да се спротивстави на актуелниот претседател Едналдо Родригес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се очекува изборите да траат од март оваа година до март следната година, кога му истекува мандатот на Родригес.

На Роналдо му беше потребна поддршка од најмалку четири сојузни федерации за да може да се кандидира.

„Федерациите одбија да ме примат во нивните седишта, тврдејќи дека се задоволни со сегашното водство и ја поддржуваат (кампањата на Родригес) за повторен избор. Не успеав да го претставам мојот проект, да ги споделам моите идеи и да ги сослушам како што сакав. Немаше простор за дијалог. Јасно е дека немам шанса да се кандидирам“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…