
Македонија повторно беше совладана, овој пат од Словенија, во квалификационите натпревари за Европското првенство 2026, со конечен резултат од 26-32.
Нашите ракометари, предводени од Кире Лазаров, го започнаа натпреварот со исклучително добар старт. Во првата половина од играта дури успеавме да водиме со шест голови разлика (11:5). Сепак, оваа предност полека се губеше, и на полувреме завршивме со минимална предност од еден гол (16:15).
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Во второто полувреме, Словенија брзо ја неутрализираше нашата предност. Македонија особено се мачеше во завршницата од натпреварот, каде што противникот направи серија од 5-1 и обезбеди победа со 32-26.
Филип Кузмановски беше наш најефикасен играч со постигнати десет голови. Митев допринесе со пет, а Пешевски со четири голови, додека Митревски забележа девет успешни одбрани.