Дома Фудбал Модриќ подготвува терен за пензија – вложи 22 милиони евра

Модриќ подготвува терен за пензија – вложи 22 милиони евра

Дека полека се подготвува за фудбалска пензија покажуваат и новите вести од Шпанија. Модриќ сè повеќе вложува во семејната фирма „Модриќ Фемили СЛ“ која ја основал во 2020 година во Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат медиумите, Модриќ неодамна инвестирал дури 22,16 милиони евра во оваа фирма.

Компанијата е регистрирана во Трговскиот регистар во Мадрид, а нејзината примарна дејност е купопродажба и изградба на недвижности.

Според достапните јавни информации, годишниот промет на „Модриќ Фемили СЛ“ е помал од два милиони евра. По докапитализацијата, вкупниот капитал на компанијата изнесува 38,6 милиони евра.

Лука е единствениот сопственик на компанијата „Модриќ“, чие правно претставување го врши неговата сопруга Вања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ на повидок: Алварез може да направи трансфер од 150 милиони евра!

Хулијан Алварез е едно од имињата кои би можеле да го привлечат вниманието на летниот тран…