Дома Фудбал Адвокат покажа слика од Марадона: Вака почина Диего (Видео)

Адвокат покажа слика од Марадона: Вака почина Диего (Видео)

Првата седница за судењето на лекарскиот тим одговорен за смртта на легендарниот Диего Марадона се одржа во Буенос Аирес, каде обвинителот Патрицио Ферари предизвика голем шок меѓу присутните. Тој покажа фотографија на Марадона во моментот на смртта, што предизвика силни емоции кај семејството и сите присутни.

„Вака почина Марадона“, рече Ферари држејќи ја фотографијата високо, истакнувајќи дека тешката здравствена состојба на Марадона беше евидентна и дека никој од обвинетите не може да тврди дека не бил свесен за состојбата во која се наоѓал Марадона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неговите ќерки Далма и Ѓанина се расплакаа. Драматичната сцена беше прикажана во живо на каналот на Врховниот суд на провинцијата Буенос Аирес на Јутјуб и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Неколку часа пред судењето, ќерката Далма во телевизиско интервју изјави дека бара правда и повтори теоријата за заговор на моќни луѓе кои сакале смрт на Марадона.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи не направил многу малку: Поради ова службено го загубил натпреварот со Силекс!

Екипата на Шкупи најави, но засега и понатаму е единствената која на својот стадион нема В…