Дома Фудбал Поразот од ПСЖ не ги повреди навивачите на Ливерпул како сцената од тунелот со Ван Дајк (Видео)

Поразот од ПСЖ не ги повреди навивачите на Ливерпул како сцената од тунелот со Ван Дајк (Видео)

Ливерпул веќе во осминафиналето се прости од Лигата на шампионите бидејќи синоќа на Енфилд после пенали ПСЖ успеа да дојде до победа и да продолжи понатаму. Но, поразот не ги повреди навивачите толку колку сцената што се случи во тунелот на стадионот по завршувањето на натпреварот.

Ливерпул во првиот натпревар минатата недела победи во Париз со 1:0 и изгледаше дека во реваншот англискиот клуб може да го потврди пласманот понатаму, но ПСЖ успеа да се врати и на крајот да дојде до победа.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Парижаните ја анулираа предноста на Ливерпул веќе во 12. минута кога Осман Дембеле успеа да погоди за 0:1.

Иако двата тима имаа неколку неверојатни шанси во остатокот од мечот, на крајот победникот беше решен дури по пенали.

Во пенал серијата блесна Џанлуиџи Донарума кој одбрани пенали на Нуњез и Џоунс, а од друга страна играчите на ПСЖ беа прецизни од белата точка и успеаја да го одведат францускиот шампион во четвртфиналето на овој натпревар.

Јасно е дека на навивачите и играчите на Ливерпул овој пораз тешко им падна, особено затоа што блескаа во лигашката фаза и успеаја да го освојат првото место, а сега испаднаа веќе на првото ниво во нокаут фазата.

Сепак, поразот против ПСЖ не ги повреди толку навивачите на англискиот клуб како сцената која се случи во тунелот на Енфилд по завршувањето на натпреварот.

Во центарот на вниманието се најде Вирџил ван Дајк кој по натпреварот застана со челниците на ПСЖ да разговара, што многумина го разбраа како можни преговори околу трансфер во францускиот клуб имајќи предвид дека на Холанѓанецот летото му истекува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалската федерација на Македонија доби нов спонзор

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ка…