Дома Фудбал „Почеток на крајот“ во Леверкузен, еден од клучните фудбалер одбил да го продолжи договорот

„Почеток на крајот“ во Леверкузен, еден од клучните фудбалер одбил да го продолжи договорот

Приказната во Баер Леверкузен полека се ближи до крајот, бидејќи покрај Чаби Алонсо, кој сè повеќе се поврзува со клупата на Реал Мадрид, се споменува дека може да си заминат и првите ѕвезди.

Сега меѓу нив е и Џереми Фримпонг, кој планира да го напушти Леверкузен на крајот од сезоната. 

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Медиумите во Германија наведуваат дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид или Барселона, но дека му е опција и Премиер лигата. 

Реал Мадрид има други планови, го брка Трент Александер-Арнолд, а ни за Барселона не е приоритет скап десен бек, но е алтернатива за Жил Кунде. 

Фримпонг има 24 години, но не е баш класичен десен бек, бидејќи е многу офанзивен и досега најдобро се вклопуваше во системот на Алонсо во кој играше како крило..

Инаку, Фримпонг потекнува од Манчестер сити, но никогаш не доби вистинска шанса, па од “Етихад” замина во Селтик уште како тинејџер летото 2019 година. Потоа, во зима 2021 година Баер го откупи за 11 милиони евра. 

Денеска е проценет на 50 милиони евра, колку што се очекува и дека Леверкузен ќе добие за неговиот потпис. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилевски: Македонија никогаш не се поставува како фаворит, тоа ќе го покажеме на терен

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот на натпревари за дуе…