Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во голема, пред се резултатска криза. Првпат по седум години врза три порази, и многумина веќе го „праќаат во пензија“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот американски тенисер Тенис Сандгрен, познат како голем почитувач на Новак Ѓоковиќ, се огласи преку социјалната мрежа „Х“ и кратко порача:
– Најдобриот во историјата се мачи. Можам да помогнам.
Сандгрен претходно јавно застана во одбрана на Ѓоковиќ кога беше протеран од Австралија, а сега јасно истакна дека е подготвен да биде дел од тимот на најдобриот тенисер во светот.