Дома Фудбал Останато Магнус Карлсен ги продаде своите забранети фармерки за 36,000 долари

Магнус Карлсен ги продаде своите забранети фармерки за 36,000 долари

Поранешниот светски шаховски првак Магнус Карлсен (34) ги продаде своите фармерки.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, на Норвежанецот му беше забрането да игра на Светското првенство во брзопотезен шах поради фармерките пред три месеци.

Ги продаде за 36,100 долари, а приходите беа донирани на хуманитарната организација „Големи браќа, големи сестри“, која поддржува деца и млади.

Да се потсетиме, на првиот ден од натпреварувањето во Њујорк, Карлсен се појави во играчката сала облечен во фармерки, што беше сметано за неприкладна облека од страна на организаторите на турнирот.

Иако за тоа плати казна од 200 долари, од организаторот доби и ултиматум дека мора да ја смени гардеробата.

Но, Карлсен го одби тоa барање и поради тоа на крај беше дисквалификуван од натпреварувањето.

„Тие можат да ги спроведуваат своите правила, јас сум во ред со тоа, а мојот одговор е: ‘Добро, јас се откажувам. E..те се’“, порача тогаш Карлсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ронда Раузи се врати и го победи својот идол за 15 секунди (ВИДЕО)

Ронда Раузи се врати во ММА по десет години и ја заврши кариерата на совршен начин. Легенд…