Навивачите на Барселона воопшто не треба да бидат загрижени, Ламин Јамал сигурно ќе потпише нов договор со клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа вест ја потврди неговиот агент Жорж Мендеш, кој го искористи гостувањето на Барселона во Лисабон за да се сретне со претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.
Иако имаше шпекулации дека Мендеш ќе разговара со раководството на Барселона и за судбината на Ансу Фати и уште неколку негови играчи, Португалецот ја потврди само веста за Јамал.
„Разговаравме за Ламин Јамал и секако дека ќе потпише нов договор. Како што договоривме, Јамал ќе потпише до 2030 година кога ќе наполни 18 години“, рече Мендеш.