Дома Фудбал Голманот на Милан суспендиран поради навредување на судија

Голманот на Милан суспендиран поради навредување на судија

Голманот на фудбалската екипа на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар поради непочитување на судијата по мечот против Лацио, објавија денеска италијанските медиуми.

Милан во неделата загуби од Лацио со 1:2 во првенството, а Мењан му се обрати на судијата на навредлив начин во тунелот на стадионот Сан Сиро на патот кон соблекувалните.

Како што пренесоа медиумите, францускиот голман беше казнет и со 15.000 евра.

Мењан така ќе го пропушти натпреварот против Лече во Серија А, на 8 Март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Арсенал го критикува Букајо Сака за падот во форма

Дејвид О'Лири, поранешен капитен на Арсенал, изрази загриженост за формата на Букајо Сака,…