Дома Останати Ракомет Легенда на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампиони

Легенда на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампиони

Рускиот ракометар Тимур Дибиров, кој со години беше еден од најпрепознатливите играчи на скопски Вардар, утре ќе го одигра својот последен натпревар во ракометната Лига на шампиони.

Неговиот актуелен клуб, ППД Загреб, веќе ги загуби шансите за осминафинале, а последниот меч од групната фаза го игра против полскиот Киелце. Со тоа, Дибиров ќе ја затвори својата импресивна европска кариера на највисоко ниво.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Искусниот крилен ракометар, кој во јули ќе наполни 42 години, во текот на својата богата кариера настапуваше за само три клуба: Чеховски Медведи, Вардар и Загреб. Најдлабока трага остави во Скопје, каде што беше дел од тимот што двапати ја освои Лигата на шампионите и стана вистинска легенда на македонскиот ракомет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонските млади ракометари ги добија ривалите во борбата за пласман на ЕП 2026

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите…