Дома Останати Кошарка Далас немоќен без најголемото засилување: Адетокумбо го водеше Милвоки до триумф во Тексас (Видео)

Далас немоќен без најголемото засилување: Адетокумбо го водеше Милвоки до триумф во Тексас (Видео)

Кошаркарите на Милвоки го победија Далас во Тексас со 132:117, потврдувајќи ја нивната одлична форма. Ова беше нивната шеста победа во последните седум натпревари.

Најефикасни кај победниците беа Јанис Адетокумбо со 29 и Демијан Лилард со 28 поени. Одличен беше и Гери Трент со 20 поени, а Кузма додаде десет поени со осум скокови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кајри Ирвинг со 31 поен беше најефикасниот играч на натпреварот, додека по 16 поени постигнаа Клеј Томпсон и Џејден Харди. Да потсетиме, поради повреда, во тимот на Далас сè уште го нема Ентони Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Македонецот“ Шортс избран за МВП во плејин-фазата на Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс официјално е прогласен за најкорисен…