Тековната сезона за Милан се покажува како разочарувачка, а тренерот Консеисао со сигурност ќе биде заменет по нејзиниот завршеток.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Почетокот на сезоната беше под водство на Фонсека, а подоцна беше доведен Консеисао, но и покрај промените, не се постигнаа посакуваните резултати.
Според „Газета дело Спорт“, „росонерите“ се во потрага по нов тренер, при што имаат составено список од три потенцијални кандидати.
Првото име на списокот е Антонио Конте, кој е незадоволен во Наполи. Потоа следи Макс Алегри кој во моментот е без ангажман, а како трет е Роберто де Зерби.