Манчестер Јунајтед е клуб кој некогаш важеше за еден од најголемите во Англија, но тие денови очигледно одамна поминаа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во криза која клубот не ја памти во последните неколку децении.
Првото нешто што можеме да го истакнеме е нивната позиција на табелата во англиската Премиер лига каде што заземаат мизерно 14. место со ист број бодови како Вест Хем.
Втората работа е инфраструктурата која е на ниво, во најдобар случај, на клуб од Чемпионшип – втората лига на англискиот фудбал.
Раководството на клубот и трансфер политиката на Манчестер Јунајтед се благо кажано дискутабилни.
Една од последните одлуки која ја донесоа е отстапувањето на Маркус Рашфорд на позајмица во ривалот од Премиер лигата – Астон Вила.
Рака на срце, Англичанецот не блескаше во првиот дел од сезоната, а имаше и проблеми со тренерот Аморим надвор од теренот.
На португалскиот тренер му пречеше недостатокот на дисциплина и неподготвеноста на овој крилен напаѓач.
Сепак, со преминувањето во Астон Вила, Рашфорд како да доби крилја и целосно се препороди. Тоа го покажуваат и некои статистички параметри.
13 – Откако дебитираше за Астон Вила на 9 февруари, Маркус Рашфорд создал повеќе шанси во сите натпреварувања отколку било кој друг играч од Премиер лигата (13). Повратно роден. pic.twitter.com/eXjyAAFJEl
— OptaJoe (@OptaJoe) 28 февруари 2025