Дома Фудбал Тренерска смена во Ливерпул, но – не е Слот!

Тренерска смена во Ливерпул, но – не е Слот!

Женскиот фудбалски клуб Ливерпул денес го раскина договорот со тренерот Мет Берд, по три и пол години минати во тој англиски тим.

За овој 47-годишен тренер, ова беше втор мандат во Ливерпул, по периодот од 2012 до 2015 година, кога освои две титули во англиската Суперлига.

Повторно се врати во Ливерпул во 2021 година и го врати клубот во Суперлигата во својата прва сезона.

По 14 одиграни натпревари во тековната сезона, Ливерпул се наоѓа на седмото место со 15 бодови.

Во последното коло, одиграно на 16-ти февруари, Ливерпул беше поразен на гостувањето кај Манчестер сити со 4:0.

Ливерпул следниот натпревар во Суперлигата го игра на 2 март на гостувањето кај Кристал Палас, а од клупата ќе ги води привремениот тренер Амбер Вајтли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …